Порно актерка го освои срцето на една од ѕвездите на Мундијалот

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Хамес Родригез, вплеткан е во нов скандал и тоа токму пред почетокот на Светското првенство во Русија.

Колумбискиот репрезентативец наводно е во врска со порно актерката Кендра Луст.

Поранешната медицинска сестра, која инаку, е во брак, го освоила срцето на играчот на Баерн. Родригез на претходниот Мундијал беше прв стрелец, а и на овој се очекува да биде важен фактор за својот национален тим, доколку секс-аферата не му ја наруши концентрацијата.

Но, за Хамес Родригез ваквите ситуации не се ништо ново. Фудбалерот претходно ја остави сопругата Даниела Оспина по шест години брак поради врска со друга старлета. Овој пат Родригез влета во нови проблеми со порно актерката која е во брак.

Се вчитува...