Портланд го отпушти Гасол

Пау Гасол нема да го носи дресот на Портланд откако овој клуб реши да го раскине договорот со шпанскиот ветеран. Искусниот центар пристигна од таборот на Милвоки, откако поради повреда не настапи за оваа екипа во плејофот од ланската сезона.

Во таборот на Портланд се надеваа дека Гасол ќе ги надмине здравствените проблеми, но откако и во месец ноември не можеше со сигурност да се каже кога Шпанецот ќе се врати на терените, управата на клубот реши да го раскине договорот вреден 2,5 милиони долари.

„Од денеска повеќе не сум член на тимот на Портланд. Кога го потпишав договорот ми беше јасно дека може да дојде до ваков расплет. За жал, рехабилитацијата ќе трае подолго од очекувањата. Се договорив со клубот, за тие да можат да потпишат кошаркар кој би им помогнал, а јас би можел целосно да се фокусирам на рехабилитацијата“ – објави Пау Гасол.

Се уште е неизвесно дали и кога шпанскиот ветеран би можел да се врати на терените, или ќе реши да ја заврши својата фантастична кариера.

Се вчитува...