Портланд не се откажува од место во плејофот

Портланд славеше во пресметката против Њујорк никс со убедливи 110-95, победа со која екипата на Портланд остана во игра во трката за место во плејофот, сега заостанувајќи само една победа зад Денвер, кој моментно е осмопласиран во Западната конференција. Лилард беше главен играч и на оваа средба на Портланд, постигнувајќи 30 поени, 15 од нив во првата четвртина во која домаќините поведоа со 14 поени разлика и потоа не им дозволија на гостите да им ја загрозат победата.

Најнеизвесно беше во Далас, каде домаќините по голема битка го совладаа тимто на ЛА клиперс со 97-95. Харисон Барнс беше човекот на одлука, најпрвин постигнувајќи ги поените за водство од 96-95, за потоа при последниот напад на клиперси да му ја украде топката на Блејк Грифин. Сет Кари беше најефикасен во таборот на Далас со 23 поени, два повеќе од Барнс, додека прв стрелец на клиперси беше Грифин со 21 поен.

Сан Антонио славеше над Мемфис со 97-90, одмаздувајќи им се на „гризлите“ за поразите во претходните два меѓусебни дуели на овие екипи. Олдриџ беше најефикасен на теренот со 23 поени, Леонард постигна 19 за спарси, додека прв стрелец на гостите од Мемфис беше Мајк Конли со 22 поени.

Резултати НБА:

Портланд – Њујорк 110-95, Сан Антонио – Мемфис 97-90, Далас – ЛА клиперс 97-95, Мајами – Торонто 84-101, Бруклин – Феникс 126-98

Се вчитува...