Портланд сака во плејоф, падна Минесота

Кошаркарите на Портланд ја продолжија потерата по Денвер нагетс за освојување на осмото место во Западната конференција. Тие ја совладаа Минесота со 112-100 и се уште се на една победа негатива во однос на Денвер. Си Џеј Мекалум со 32 поени беше најефикасен во победничкиот состав, а Демијен Лилард постигна 21 поени. Кај Минесота, Ендру Вигинс беше стрелец на 20 поени.

Сан Антонио го совлада Њујорк со 106-98, а Кливленд на домашен терен загуби од Вашингтон (115-127). Торонто репторс славеше на гости против Далас со 86-94.  ДеРозан и Ибака со по 18 поени беа предводници во тимот на Торонто.

Се вчитува...