Портландска драма со среќен крај за Денвер… (ВИДЕО)

По гостинската победа над ЛА Клиперс, Портланд синоќа на свој терен загуби од Денвер со 112-113 по драматична завршница.

Денвер, и покрај добриот старт на Портланд, во текот на вториот период стигна до предност и од +17 поени. На полувремето гостите водеа со 53-68, за да сепак во продолжението домашните успеат да ја стопат предност и во завршницата се влезе максимално израмнето. Во моменти на поголема концентрација Денвер на крајот стигна до победата.

Во победничката екипа се истакна Гери Харис со 27 поени, додека Пол Милсап постигна 22 поени дополнети и со 10 скока. Никола Јокиќ имаше ефект од 15 поени, 6 скока и 8 асистенции.

На спротивната страна Јусуф Нуркиќ мечот го заврши со 17 поени и 11 скока. Најефикасен кај Портланд беше Меккалум со 33 поени, додека Амину запиша 20 поени. Лилард мечот го заврши со 15 поени и 8 асистенции.

Во останатите мечеви од синоќа, Бостон го победи Кливленд со 128-95, Детроит славеше против Чикаго со 107-88 а Шарлот на домашен терен загуби од Јута со 111-119. Мемфис на гости го совлада Бруклин со 125-131, Мајами беше подобар од Њу Орлеанс победувајќи со 106-101, Оклахома славеше против Атланта со 124-109 а Сан Антонио загуби од Хјустон со 105-136. Орландо на гостински терен го победи Феникс со 85-99 а ЛА Лејкерс беше подобар од Далас победувајќи со 114-103.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...