Порто го слави „Свети Икер Касилјас“

Порто успеа да остане непоразен на големото дерби во Лисабон против Бенфика (1-1), а најзаслужен за тоа е Икер Касилјас. Шпанскиот голман имаше неколку одлични интервенции, од кои најдобра дефинитивно беше онаа кога Жонас се најде во идеална ситуација и ја упати топката кон мрежата, но Касилјас со крајни напори успеа да спречи втор гол за домашниот тим.

Со ова реми Порто се уште заостанува само еден бод зад Бенфика на табелата, па јасно е дека битката за титулата во Португалија ќе биде суперинтересна се до самиот финиш на сезоната.

Iker Casillas Awesome Stretch Save vs Jonas! by wifutty

Се вчитува...