Порто ја доби драмата со Висла Плок, Митревски не доби шанса на голот на Португалците

Порто со победа во драматичен натпревар против Висла Плок од 24-23 ја почна новата сезона во Лигата на ракометните шампиони.

Во повеќе од возбудлив натпревар Порто до победата дојде со пресврт во последните мигови, и покрај тоа што низ текот на целиот дуел постојано имаше негатива.

Кристенсен и Оливеира со по пет гола беа најдобри во победничкиот состав, а Маркес беше целиот натпревар на голот на Португалците. Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски не доби можност да настапи на дуелот, останувајќи целиот натпревар на клупата за резервни ракометари.

Унгарски Веспрем, пак, славеше со 28-33 на гостувањето против Магдебург. Касадо и Фабрегас со по шест гола беа најефикасни кај Веспрем.

Се вчитува...