Порторико подобар од Тунис за пласман во осминафинале, победи и на Полска, Ангола и Нигерија

Кошаркаркаската репрезентација на Порторико обезбеди пласман во осминафиналната група на Светското првенство во Кина, откако во неизвесен натпревар од 3. коло во Ц групата го совлада Тунис со 67-64. Во првото полувреме Порториканците за нијанска беа подобар противник, а на полувреме заминаа со плус шест (38-32). Вториот дел подобро го почнаа Тунижаните, кои одиграа одлична трета четвртина која ја добија со плус девет, преземајќи го водството пред последните десет минути од мечот (52-55). Во последната четвртина одбраните беа тие што доминираа, а во целата ситуација подобро се снајдоа Порториканците кои на противникот му дозволија само девет поени, за конечна победа од 67-64.

Најефикасен во Порторико беше Реналдо Балкман со 14 поени, а 10 уфрли Давид Хуертас. Кај Тунижаните Амада и Меџри уфрлија по 14 поени.

Полјаците ја завршија групната фаза со максимален учинок, откако го совладаа Брегот на Слоновата Коска со 80-63. Во натпреварите за престиж во Д групата Ангола по продолженија беше подобра од Филипини со 84-81, а во Б сегментот Нигерија убедливо ја совлада Јужна Кореја со 108-66.

Се вчитува...