Португалија е хит на ЕП – Шведска посрамотена како никогаш досега

Португалија покажа дека вистински кога се работи, резултатите доаѓаат сами од себе. Тие се хит на Европското првенство, а пред четата на Пауло Переира падна и Шведска, која на домашен терен ја декласираа со неверојатни 35-25.

Уште во првото полувреме се наѕираше еден од најголемите срамови во историјата на една од најуспешните ракометни репрезентации. На полувреме Португалците заминаа со предност од 15-12, а вистинската рапсодија почна во средината на второто полувреме. Головите се нижеа како на лента, а во 56. минута Португалија стигна до највисоките полус единаесет 32-21. До крајот се играше гол за гол за конечен триумф од 35-25.

Фабио Магалаеш со шест гола беше најдобар поединец во победничкиот табор, а одличен беше и голманот Кинтана кој забележа единаесет интервенции. Кај Шведска по четири погодоци постигнаа Нилсон и Петерсон.

Се вчитува...