Два црвени картони и победа за Португалија на (не)пријателскиот натпревар против Чиле со 2-1 кој се играше во Лисабон, непосредно пред почетокот на Светсткото првенство.
Португалија на крајот славеше со два гола во вториот дел, но мечот беше во фокусот поради двата црвени картони, по еден на двете страни после големата мешаница на крајот од првиот дел.
Поцрвенеа Леао кај Португалија, и Роман кај Чиле, откако меѓусебно тргнаа да се пресметуваат.
Гуедеш во 58. минута донесе предност за Португалија, а потоа погоди и Бруно Фернандеш. Кристијано Роналдо беше стартер, но остана во соблекувалната на полувремето.
Во финишот од средбата Чиле само успеа да намали со голот на Сепеда.
Ivan Roman or Chile and Rafael Leao of Portugal both got red card for this 🤯! #PORCHI pic.twitter.com/OKTLsSdS4O
— The Final Whistle (@Rufus_45) June 6, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
