„Португалија не е само Роналдо, нема потреба од ‘специјална’ тактика за него…“

ЕКИПА во Порто, Португалија

Владимир Булатовиќ

Португалската селекција не е само Кристијано Роналдо, но колективот кој ги носи кон успесите и бројните феноменални поединци, е ставот на македонскиот селектор Благоја Милевски кога станува збор околу „кроењето“ можеби на ‘специјална’ тактика за задржување на еден од најдобрите светски фудбалери.

На вчерашното прашање дали се подготвува посебна одбрана за задржување на Роналдо, селекторот Милевски сосема јасен:

„Португалија секако не е само Кристијано Роналдо, но колективот составен од бројни феноменални поединци од светска класа кои ги носат успесите на тимот. За нив колективот победува, ако се погледне каде се и како настапуваат нивните репрезентативци. Токму затоа и нема некоја посебна тактика за Роналдо“ – вели селекторот Милевски, нагласувајќи дека сепак нема и не смееме да се потцениме и самите себе.

„Јасно е дека Португалија е голем фаворит, јасно е дека целиот свет очекува тие да се пласираат на СП во Катар, но ние не сме тука случајно. Овие момци изминатиов период покажаа зошто веќе се доближуваме до европскиот крем, и затоа и сега како и пред Италија треба да веруваат во себе, да истрчаат на терен и да уживаат“.

Се вчитува...