Португалија нема загубено бараж за СП, но Македонија е „убиец“ на традиции

Трето учество во баражот ќе биде ова за националниот тим на Португалија вечерва, додека за Македонија прво вакво искуство. Португалците досега имаат 100% успех во баражите, однонос две победи од два баражи, и два пласмани на Мундијалите, и традицијата е на нивна страна.

Меѓутоа Македонија веќе сруши една традиција. Италија до пред натпреварот со Македонија, немаше ниту еден единствен пораз на домашен терен во квалификации за Светско, па дојде и тој момент Македонија да ја скрши таа традиција. Претходно и Германија долго време немаше пораз како домаќин во квалификации, па Македонија и на таа традиција и стави крај.

Португалија за СП 2010 година во Јужна Африка два пати ја совлада селекцијата на БИХ по 1-0, додека во плеј-офот за Мундијалот во 2014 година во Бразил, Португалија имаше проблеми со Шведска, но на крајот помина со две победи од 1-0 и 3-2.

Македонија, пак, играше бараж за пласман на ЕП против Грузија и го доби, со што обезбеди пласман на ЕВРО 2020.

Се вчитува...