Фудбалската федерација на Португалија планира да се обиде да ги смири селекторот Жорге Жесус и Кристијано Роналдо и да го врати фудбалерот во националниот тим.
Претседателот на Фудбалската федерација на Португалија, Педро Проенса, во текот на наредната недела планира да организира состанок со Роналдо со цел да се разјасни се што се случуваше изминатите неколку денови и фудбалерот да се врати назад во репрезентацијата.
Желбата на Проенса е Роналдо да не ја заврши репрезентативната кариера поради инцидентот и дека мора да се разрешат сите несогласувања помеѓу фудбалерот и селекторот.
Според португалските медиуми, селекторот Жесус нема ништо против враќањето на Роналдо во репрезентацијата се додека се почитуваат неговите одлуки. Од друга страна пак, Роналдо смета дека селекторот не покажал респект кон него бидејќи на дуелот со Норвешка го испратил да се загрева и потоа не го внел во игра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
