Португалците се подготвуваат за “пекол” на “Драгао” (ФОТО)

ЕКИПА во Порто, Португалија

Владимир Булатовиќ

Фудбалската репрезентација на Македонија утре ќе и гостува на Португалија во историскиот натпревар во финалето од баражот за пласман на Светското првенство кое на крајот на годинава ќе се игра во Катар.

Португалците подготувуваат вистински пекол за нашите фудбалери. Организацијата на овој меч е далеку на поголемо ниво од таа во Палермо. Реквизитите на стадионот веќе се подготвени, а се очекува утре 50 илјади Португалци да им посакаат „добредојде“ на нашите фудбалери.

Натпреварот кој ќе се игра на „Драгао“ во Порто е закажан за 20.45 часот.

Се вчитува...