Посакуваа злато, останаа и без медал (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Одбојкарската репрезентација на Македонија и во четвртиот обид остана без злато во Европската лига. Во трите досегашни обиди завршуваше како второпласирана селекција со сребро на градите, но во првото издание на новоформираната Сребрена Европска лига, како домаќин на завршниот Ф4 турнир, остана без медал.

Смената на генерациите, повредите, промената на позициите, се дел од објективните причини за ваквиот резултат, но ќе остане незадоволството од пласманот, како и искуството за помладите одбојкари кои треба да го преземат приматот во наредниот период. Следниот предизвик се квалификациите за Европското првенство кои почнуваат во август.

 

Се вчитува...