Посилен од болеста – Берицо се враќа на клупата на Севилја

Атмосферата во таборот на Севилја денеска е на највисоко ниво откако на тренингот на шпанскиот прволигаш се појави и Едуардо Берицо.

Аргентинскиот тренер пред дваесетина дена мораше да биде опериран откако му беше откриен канцер на простата, а откако хируршкиот зафат мина перфектно тој доби и зелено светло од лекарите да му се врати на тренерскиот занает.

„Ел Мундо Депортиво“ најавува дека Берицо вечерва ќе го има и свјот камбек на клупата на Севилја, на натпреварот на домашен терен против Леванте. Македонскиот репрезентативец Енис Барди поради повреда нема да настапи за Леванте на оваа средба.

Се вчитува...