Само шест месеци по трагичната авионска несреќа во која животот го загубија речиси сите играчи, тренери и членови на раководството на Чапекоенсе, овој клуб успева да се издигне над големата трагедија и да испишува нови страници во својата историја
Имено, по три одиграни кола во бразилското првенство Чапекоенсе е лидер на табелата, што е првпат во историјата оваа екипа да се најде на првото место во шампионатот на својата земја. Последната победа над Аваи од 2-0 значеше и продолжување на серијата добри игри, откако претходно ремизираше со Коринтијанс и го совлада и актуелниот првак Палмеираш.
Секако, има уште премногу да се игра во шампионатот на оваа јужноамериканска земја, но фудбалските фанови се воодушевени од новите страници во својата историја што ги испишува Чапекоенсе, клубот кому сите му предвидуваа тешка битка за опстанок, а моментно се наоѓа на чело на бразилскиот шампионат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА