После еден век Јувентус го менува дизајнот на дресовите

Познатиот портал „FootyHeadlines“ кој е специјализиран за фудбалски дресови го објави новиот дизајн на дресовите кои ќе ги носат фудбалерите на „Старата дама” во следната сезона. Стариот дизајн после 116 години заминува во историјата.

Новиот дрес на едната половина е црн, додека на втората половина е бел, во средината минува розева линија.

Реакцијата на навивачите на Јувентус  е негативна. На многумина не им се допаѓа новиот дизајн на дресовите кои ќе ги носат Роналдо и соиграчите.

Се вчитува...