После победата над Бразил, Аргентина останува без селектор?

Аргентина во квалификациите за Светското првенство гостуваа на бразилска Маракана и ја победи селекцијата на Бразил со 1-0.

После натпреварот селекторот на „гаучосите“ Лионел Скалони им приреди шок на навивачите и на целиот свет, најавувајќи можност за заминување.

„Сакам да кажам една работа. Морам да размислам за се во овој момент. Морам многу да размислам што да направам. Не е ова мое заминување, но морам да размислам. Летвичката е поставена  многу високо и тешко е да се продолжи да се победува. Нашите играчи заслужуваат тренер кој ќе им пружи максимална енергија. Ќе им го кажам тоа и на претседателот и на играчите“, рече Скалони.

Се вчитува...