Последен Австралија опен за Маша? – Не знам што ќе биде за 12 месеци

Руската тенисерка, Марија Шарапова доби специјална покана за учество на првиот грен слем во сезоната, Австралија опен, на кој е поразена во првото коло од хрватската тенисерка, Дона Векиќ. По натпреварот таа изјави дека не знае сигурно, но можно е ова за неа да е последен настап во Мелбурн.

„Имав среќа да добијам шанса да бидам тука годинава. Благодарна сум му на Крег и неговиот тим кои ми го овозможија тоа. Тешко ми е да ви кажам што ќе биде за 12 месеци“, изјави Шарапова на прашањето дали ова за неа е последно учество во Австралија. 

Шарапова не одговори на ниту едно прашање од новинарите за продолжението од сезоната и каде се планира да учествува. Таа накратко само одговараше како во моментов ништо не знае и дека во текот на годината ќе одлучи каде ќе се појави.

Се вчитува...