Последниот меч со Исланѓаните пред 12 години: Досега без победа на гостински терен (ВИДЕО)

Македонската репрезентација досега во историјата има само четири дуели со селекцијата на Исланд. Последниот од нив пред цели 12 години кога во Скопје славевме со 2-0.

Во јуни 2009 година во квалификациите за ЕП, Македонија триумфираше против Исланд со погодоците на Аце Стојков и Филип Ивановски. Асистент на голот на Ивановски беше актуелниот асистент во стручниот штаб на Благоја Милевски, Влатко Гроздановски.

Македонија досега нема победа на гостински терен против Исланд. Од вкупно четири натпревари, двете победи се во Скопје, а на гостински терен пораз од 1-0 во 2008 година, и реми (1-1) во 1996 година кога стрелаше Неџмедин Мемеди.

Се вчитува...