Последните заеднички фотографии на Коби и Џана

Светот е завиен во тага по смртта на Коби Брајант и неговата ќерка Џана во хеликоптерската несреќа во која животот го загубија уште седум лица.

Американските медиуми утрово ги објавија и последните заеднички фотографии на кошаркарската мегаѕвезда и неговата ќерка, која загина заедно со него во големата несреќа.

Фотографиите се сликани во саботата во „Мамба Спорт“ академијата во сопственост на Брајант, а Џана одиграла два натпревари за екипата составена од девојчиња од осмо одделение. Таа требаше да одигра два меча во истата сала и вчера, но патот од нејзината куќа до арената се покажа кобен…

 

Се вчитува...