ПОСЛЕДНО ЕСЕНСКО КОЛО ВО ПРВАТА ЛИГА: Силекс преку Вардар сака и до есенска титула!

Последно коло од есенскиот дел од шампионатот во Првата македонска фудбалска лига, веројатно во сезоната која носи најголема израмнетост на екипите во битката за шампионска титула но и за опстанок низ последнава декада од македонскиот фудбал.

А, во Кратово токму дуел во битка за титула, и во битка за опстанок. Силекс го пречекува Вардар за заверка на својата одлична есен.

Капититенот на кратовци, Иван Шуберт вели дека Силекс, и покрај тоа што максимално го почитува тимот на Вардар, денеска оди на победа и, во зависност од другите резултати, и освојување на есенската титула.

„Одлично се вклопив и адаптирав во Силекс, уживам во нашите успеси и целиот мој престој во Кратово и Македонија. Имаме почит за Вардар, но не сме скромни во нашите амбиции. Нашата цел утре е само победа и есенска титула. Атмосферата во клубот е на одлично ниво, сакаме така да продолжи во текот на зимската пауза“ – вели Шуберт.

ПРВА ЛИГА – 18. КОЛО

Гостивар: БЕСА – ШКУПИ
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР
Тетово: ШКЕНДИЈА – ГОСТИВАР
Кратово: СИЛЕКС – ВАРДАР
Струга: СТРУГА ТЛ – ВОСКА СПОРТ
Кавадарци: ТИКВЕШ – АП БРЕРА

Се вчитува...