Последното коло од Примера е преместено, сето тоа поради еден тим!

Примера продолжува следниот викенд кога ќе биде и официјално познат новиот шампион на Шпанија за оваа сезона. Сепак, од фудбалската федерација на Шпанија се наведува дека ќе има промена на денот на одигрување на последното коло, па наместо во недела, шампионот на Шпанија ќе го дознаеме во сабота на 22 мај.

Причината е Вилјареал, тимот што ќе игра финале во Лига Европа, па „жолтата подморница“ сега ќе има уште еден ден да се подготви за финалето против Манчестер Jунајтед.

Инаку, Вилјареал во последното коло ќе игра против Реал Мадрид, тимот кој е кандидат за титулата во Ла Лига.

Се вчитува...