Постигнат договор: Карло Анчелоти по шест години се враќа на клупата на Реал Мадрид!

По шест години, Карло Анчелоти се враќа на клупата на Реал Мадрид.

По заминувањето на Зинедин Зидан, првиот човек на „кралевите“ Флорентино Перез веднаш пронајде негова замена во името на италијанскиот стратег кој беше учител на Зидан.

Иако има договор со Евертон, Реал е подготвен да ја плати отштетата за Анчелоти. И тоа, како што тврдат шпанските медиуми, е веќе се договорено.

Евертон не сакал да го спречи Анчелоти да се врати во Мадрид, па англискиот тим веќе е во потрага по негова замена. Тоа најверојатно ќе биде Еспирито Санто од Вулверхемптон.

Анчелоти на клупата на Реал беше од 2013 до 2015 година, освојувајќи ја Лигата на шампионите, кралскиот куп, УЕФА Супер Куп и Светското клупско првенство.

Се вчитува...