Потег на викендот: Роналдо е голема ѕвезда, покажа максимална почит кон Матуиди (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо испиша историја на дуелот против Удинезе во викенд колото од италијанската фудбалска Серија А постигнувајќи два гола и со тоа стана единствeниот играч со двоцифрен број голови во најдобрите пет лиги во Европа во последните 15 сезони.

Но, друг детаљ го привлече вниманието на фудбалската јавност. Во моментот кога Гонзало Игуаин излегуваше од теренот му ја предаде капитенската лента на Роналдо, но Португалецот направи голем потег и му ја предаде на Блес Матуиди почитувајќи го со тоа поголемиот стаж на соиграчот во Јувентус.

 

 

Се вчитува...