Потоп и од ВБА, Арсенал заборави да победува

Резултатската криза на Арсенал уште повеќе се продлабочи откако тимот на Арсен Венгер попладнево загуби на гостувањето против ВБА со 3-1, четврти пораз во последните пет премиерлигашки кола за „топчиите“.

Избраниците на Арсен Венгер одиграа под своите можности во нападот, каде премногу се почувствува отсуството на Озил, без кого целиот товар за создавање на шанси падна врз Алексис Санчез. На спротивната страна, „топчиите“ одиграа очајно во одбраната, примајќи два идентични гола преку корнер од Досон, додека водечкиот погодок за ВБА беше дело на Робсон Кану по несмасната интервенција на Оспина.

Францускиот стратег предвреме се предаде, па по третиот примен гол го повлече од игра и Алексис Санчез, по што Арсенал без стопроцентна шанса ги доигра преостанатите петнаесетина минути, за уште поголем притисок врз управата да не му даде нов договор на Арсен Венгер.

Арсенал по овој пораз останува на петтата позиција на табелата со пет бода заостанување зад четвртопласираниот Ливерпул, но и еден натпревар помалку од тимот на Јирген Клоп.

Craig Dawson Goal HD WBA 1-0 Arsenal 18.03.2017 HD by FoxSportsEN

SANCHEZ GOAL HD 1-1 WBA VS Arsenal 18… by Amadora-

2-1 Robson-Kanu Goal 18.03.2017 HD by dailyfootballkick

Craig Dawson Second Goal HD – West Bromwich 3-1… by gashiylli223

Се вчитува...