Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков оствари средба со потпретседателот на Европската ракометна федерација (ЕХФ), Предраг Бошковиќ.
Бошковиќ е во Охрид каде утре ќе се одигра реваншот од финалето во ЕХФ европскиот куп меѓу македонскиот суперлигаш и унгарска Татабања.
„Заедно разговаравме за иднината на ракометот, за возбудата која нè очекува со претстојниот финален натпревар, но и за визијата и амбициозните планови на нашиот ГРК Охрид. Посебно ме радуваат честитките кои ги добивме за нашиот проект и за досегашните успеси. Тоа е силна потврда дека се движиме во вистинската насока. Ракометот во Охрид има светла иднина, а ние продолжуваме да работиме уште посилно за нови победи и успеси“, изјави Пецаков.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
