Потрес во Формула 1: Леклер заминува од Ферари!?

Шарл Леклер сериозно размислува за промена на средината по новата разочарувачка сезона на Ферари во која славниот италијански тим е далеку од посакуваното ниво.

Не помогна ниту ангажманот на Луис Хамилтон па возачот од Монако сака нов предизвик во кариерата со цел освојување на барем една шампионска титула.

За негов ангажман заинтересиран е Астон Мартин кој веќе имал неколку разговори со Леклер, но и доколку се одлучи за заминување од тимот по шест години тоа нема да се случи во 2026 година.

Леклер е подготвен да му даде на Ферари уште една шанса, а доколку италијанскиот тим одново не најде решение, ќе следи крај на една ера.

Се вчитува...