Потреси во Мадрид: Мбапе нема да игра до крајот на сезоната, за да се „чува“ за Мундијалот!?

Реал Мадрид нема никакви шанси за титулата во Ла Лига, додека во Купот и во Лигата на шампионите тимот е елиминиран. До крајот на сезоната во Шпанија остануваат уште пет кола, а во нив „кралевите“ можеби ќе настапат без својот најдобар стрелец, Килијан Мбапе.

Францускиот напаѓач се врати од повредата, но против Бетис побара измена пред крајот, со што и натаму ги подгрева шпекулациите дека и натаму е незаздравен од повредата.

Меѓутоа сега има друга грижа. Според неколку шпански медиуми, Мбапе побарал да не игра на последните неколку меча за „кралевите“, со цел да се сочува за настапите на Светското првенство. Реал Мадрид, пак, сака да има јасна ситуација околу повредата, па дури ако треба да го испрати и на операција, а со тоа да го направи неговото учество на Мундијалот крајно неизвесно.

Веста од Мадрид затоа силно одекна во Франција, каде што сè повеќе се поставуваат прашања за моменталната состојба на Мбапе. Особено е загрижувачки што тој не е во можност да одржи конзистентни перформанси во 2026 година без нови проблеми. Ова покренува сомнежи дека ситуацијата не е толку едноставна како што можеби се обидува да се прикаже.

Доколку се покаже дека проблемот со коленото не е привремен, може да се покрене најлошата можна тема, а тоа е пропуштање на Светското првенство. Засега тоа е далеку, но треба да се земе во предвид и едно такво, црно сценарио.

Се вчитува...