Потресна мундијалска приказна: Остана сирак на 11 години, преживеа зошто играше фудбал

Сега е голема ѕвезда на нигерискиот фудбал, член на Челси и ќе игра на Светското првенство во Русија. Но, животниот пат на Виктор Мозес е екстремно тежок, неговата судбина нема никого да остави рамнодушен. Верувале или не, тој е жив само поради фудбалот, а на 11 години останал без двата родители.

Христијанскиот свештеник Остин и мајката Жозефин, родителите на Виктор Мозес, брутално се убиени во нивната куќа во 2002 година, во напад на терористичка група од Нигерија. Виктор останал жив само затоа што не бил во домот во времето на напад, а играл фудбал на улица. Останал сираче на само 11 години.

Со месеци се криел во куќата на неговио вујко, а потоа илегално преминал во Англија и побарал азил. Стигнал во Јужен Лондон и таму не познавал апсолутно никого. Го примило едно англиско семејство и веднаш го запишала во локалниот фудбалски клуб, Космос 90. Тоа бил најлошиот тим во младинската конкуренција, а Мозес на првиот натпревар постигнал осум гола. Својата среќа ја пронајде во фудбалот и сега ќе игра на Светското првенство.

„Тој пат од Нигерија до Англија мислам дека траеше еден век. Немав никого со мене, но знаев дека морам да останам силен. Си ветив дека вредно ќе работам и дека ќе преживеам. Му благодарам на Бога за ова што сум денес“, вели Виктор Мозес.

Тој беше младински репрезентативец на Англија, но на крајот сепак одлучи да игра за сениорската селекција на својата родна земја, Нигерија.

Се вчитува...