Потресно сведоштво од хаосот во Атина: Му го отсекоа увото, прободеа дете во стомак

Досега невидениот, страшен инцидент во Атина каде во масовна тепача предводена од хрватски хулигани животот го загуби едно лице продолжува да биде главна тема во регионот.

За грчките медиуми говореа и лица кои се нашле на лице место, а нивните сведоштва се навистина шокатни.

Еден од сведоците кој вели дека вакво „сценарио“ нема ни на филм, откри и дека на негов пријател му било отсечено увото.

„Бев во кафе-бар со тројца пријатели кога сопственикот на локалот не извести дека доаѓаат луѓе кои прават неред. Ни кажа да бегаме бидејќи ќе го затвори локалот стравувајќи од голема опасност. Тогаш видовме дека голем број на луѓе со палки и молотови коктели трчаат околу, палат и тепаат се пред себе. Беше престрашно. Се сокривме во најблискиот кафе-ресторан, а набргу на врата се појавија две деца прободени во стомак и во рака. На мој пријател кој е навивач на Панатинаикос, но не е хулиган му го отсекоа увото. Тоа беше ноќна мора. Вакви напади нема ни на филм. Тоа беа убици, сите облечени во црно“, сведочи Гркот.

Од АЕК го објавија и името на убиениот навивач, збогувајќи се со недолжниот фудбалски вљубеник кој налета на „полудените“ хрватски хулигани.

Се вчитува...