Потврда на класата – Кире Лазаров убедливо најдобар стрелец во Европа во последните 20 години

Најдобриот македонски ракометар на сите времиња Кирил Лазаров стави крај на богатата играчка кариера во која ги урна сите можни рекорди кога се во прашање постигнувањата на голови.

Доказ за неговата класа е и последната статистика која излезе за играчи со најмногу постигнати голови во европските ракометни натпреварувања во последните 20 години. Сегашниот селектор на Македонија е убедливо прв на листата со вкупно 1596 гола.

Како за споредба на второто место се наоѓа Никола Карабатиќ кој досега постигна 1143 гола, што се неверојатни 453 голови помалку во кариерата. Во топ 5 на вечната листа уште се наоѓаат и: Тимур Дибиров, Момир Илиќ и Микел Хансен.

 

Се вчитува...