Квалитетот на македонскиот судија Зоран Митровски е потврдуван во бројни ситуации изминатите години, тренд што продолжи и на европското првенство за кошаркари до 20 години – Б дивизија што се одржува во Словачка, каде Митровски ќе биде дел од судиската тројка што ќе ја дели правдата на големото финале.
Македонецот судеше беспрекорно на сите натпревари на кои беше делегиран на овој шампионат, што беше препорака тој да ја добие одговорната улога за големото финале, во кое Митровски беше делегиран заедно со Шпанецот Иглесијас и со Циопанос од Грција.
Во големото финале од ова европско првенство – Б дивизија ќе се сретнат селекциите на Исланд и Украина, кои со самиот пласман во финалето обезбедија промоција во елитното друштво за наредната година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
