Потврда од КФСМ: Следната сезона од Првата лига ќе испаднат четири екипи

Кошаркарската федерација на Македонија донесе одлука да конечен прекин на сите натпреварувања во нејзина организација за кои уште немаше вакво решение, најсилната женска лига без прогласување шампион, идентично како и кај мажите како и сите натпреварувања во младинските конкуренции.

Управниот одбор на КФСМ реши и во првата лига-мажи по завршувањето на слендата сезона да испаднат четири екипи, а да влезат двете најдобри од второлигашката конкурнеција.  Со ова бројката на екипите кои ќе се натпревруваат во најсилниот ранг повторно ќе се врати на 10.

Соопштение од КФСМ:

Согласно прогласената Вонредна состојба во државата поради пандемијата на Коронавирус COVID-19, согласно Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19 донесена од Владата на Република Северна Македонија со која беше стопирана секоја спортска активност во спортските сали, како и непредвидливоста на ситуацијата, се одлучува:

  • натпреварувачката сезона 2019/20 од Прва лига жени да не се доигра.
  • за натпреварувачката сезона 2019/20 од Прва лига жени да не се прогласи шампион.

Согласно прогласената Вонредна состојба во државата поради пандемијата на Коронавирус COVID-19, согласно Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19 донесена од Владата на Република Северна Македонија со која беше стопирана секоја спортска активност во спортските сали, како и непредвидливоста на ситуацијата, се одлучува:

  • натпреварувачката сезона 2019/20 од Втора лига мажи да не се доигра.
  • најдобро пласираните екипи од Исток и Запад, согласно моменталната ранг листа од Втора лига мажи од сезона 2019/20 да остварат влез во Прва лига мажи за сезона 2020/21.

Согласно прогласената Вонредна состојба во државата поради пандемијата на Коронавирус COVID-19, согласно Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19 донесена од Владата на Република Северна Македонија со која беше стопирана секоја спортска активност во спортските сали, како и непредвидливоста на ситуацијата, се одлучува:

  • натпреварувачката сезона 2019/20 од Младинските лиги мажи (М18, М16, М15, М14, М13, М12) да не се доиграат. За сите младински лиги од машка конкуренција во натпреварувачката сезона 2019/20 да не се прогласуваат шампиони.
  • натпреварувачката сезона 2019/20 од Младинските лиги жени (М18, М16, М14,) да не се доиграат. За сите младински лиги од женска конкуренција во натпреварувачката сезона 2019/20 да не се прогласуваат шампиони.

Според моменталната состојба во табелите на М18 и М16 младинските лиги мажи, пред почеток на сезоната 2020/21, да се играат квалификациски натпревари за влез во првите лиги и тоа помеѓу последните 2 екипи од прва лига со првите 2 екипи од втора лига.

Според сегашниот пласман во М14 младинската лига, првите 4 пласирани од Исток и Запад формираат лига од 8 екипи кои ќе ја сочинуваат Првата лига. Истата во следната сезона 2020/21 ќе биде финансирана од страна на КФСМ.

Предлог систем за натпреварувачка сезона 2021/22 во Прва лига мажи. Последните рангирани 4 екипи од Прва лига од сезона 2020/21 директно да испаѓаат во Втора лига, а прворангираните 2 екипи од Втора лига  директно да влегуваат во прва лига.

Предлог за намалување на котизацијата на 5 рати за сезона 2019/20 од Прва лига мажи, поради предвремен прекин на лигата.

Појаснување: повеќе  уплатените средства ќе се компензираат со стари долгови, казни или котизации за следна сезона.  Предлогот беше усвоен со гласање 10-ЗА.

Предлог систем за сезона 2021/22 и формирање Трета лига мажи.

Според рангирањето од Втора лига мажи од сезона 2020/21 првите 12 остануваат во Втора лига. Од останатите како и од ново пријавените клубови ќе се формира Трета лига. Во Третата лига да има ограничување на возраст до 20 години со најмногу 3 играчи над 20 години.

Се вчитува...