Потврден рекордот: На првиот ден на ЕП кога ќе игра и Македонија, ќе има повеќе од 50.000 гледачи

Германската ракометна федерација, која го организира идното Европско првенство, потврди дека на првиот ден на фудбалскиот стадион во Дизелдорф, на кој првенството ќе го отвори Македонија во дуел со Франција, ќе има повеќе од 50.000 гледачи. Толку билети се продадени во моментов, иако таа бројка ќе биде и поголема.

Актуелниот рекорд за посетенотс на ракометен натпревар исто така беше поставен на  фудбалски стадион. 44.189 гледачи присуствуваа на Рајн-Некар Левен против Хамбург на арената во Франкфурт во 2014 година.

Најголемиот број на публика на ниво на ЕП беше 20.022 гледачи. Арената во Будимпешта беше распродадена три пати за натпреварите на Унгарија за време на ЕП 2022 година.

Истиот ден, но подоцна во истата сала во „Меркур Арената“ играат и Германија против Швајцарија. Мечот Македонија – Франција почнува во 18 часот, додека Германија и Швајцарија почнуваат во 20:45 часот.

Се вчитува...