Потврдени најавите: Валентино Роси потпиша за Петронас Јамаха

Она што беше јавна тајна или информација за која се зборуваше веќе одреден период, а недостасуваше само потпис или официјална промоција, договорот на Валентино Роси со Петронас Јамас денеска доби и официјална потврда. Деветкратниот шампион се договори со тимот за сезоната 2021.

Уште во јануари, Јамаха објави дека местото на „докторот“ ќе го заземе Фабио Квартараро и дека Маверик Вињалес ќе го задржи местото. Беше јасно дека за Роси единствената опција е Петронас бидејќи Јамаха беше на позиција дека тој ќе добие мотор ако сака да ја продолжи кариерата.

 

Се вчитува...