Потврдено: Алегри си заминува од Јувентус

И доколку ја освои Лигата на шампионите Масимилијано Алегри дефинитивно го напушта Јувентус на крајот од сезоната.

Како што информира неговиот ментор Џовани Галеоне во изјава за италијанските медиуми, Алегри без разлика што ќе се случи до крајот на сезоната од лето ќе има нов клуб.

„Сите прашуваат дали ќе замине во Премиер лигата? Тоа не знам, но знам дека без разлика како ќе се заврши авантурата во Лигата на шампионите тој заминува од Јувентус. И знам дека во Италија не постои друг интересен клуб за него. Минатото лето одби понуди од Арсенал, Челси, Манчестер јунајтед и Реал Мадрид, се поради тоа само да се обиде да освои Лига шампиони со Јувентус“ – изјави Галеоне.

А, Јувентус по првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампионите има негатива од 0-2 од пресметката со Атлетико Мадрид. Токму по тој кораз Алегри доби бројни критики од италијанската фудбалска јавност. Но,…

„Не можете да го критикувате тренерот кој освои десет трофеи за Јувентус“ – застана Галеоне во одбрана на стратегот на Старата дама.

Се вчитува...