Повеќе Македонци од Швајцарци во Фрибург (фото)

ЕКИПА во Фрибург, Швајцарија

Стеван Цаневски

Швајцарија на хартија е домаќин на денешниот натпревар од претквалификациите за Евробаскет 2021 против Македонија, но нашите кошаркари ќе имаат значителна поддршка од трибините во салата во Фрибург.

Арената со 3.000 места не е исполнета ниту 50% од капацитетот, а на нејзините трибини има многу повеќе Македонци отколку Швајцарци. „Фалангата“ од Швајцарија повторно се собра за да даде поддршка на Македонија, во случајов на кошаркарите откако претходно во два наврати им даваше „ветер во грб“ на ракометарите во квалификациите што се играа во оваа земја.

Се вчитува...