Повеќе од 200.000 навивачи сакаат на неделниот натпревар на Милан, градоначалникот забрани алкохол и пиротехника

Градоначалникот на Милано, Бепе Сала, забрани продажба и консумирање алкохол и користење пиротехнички средства на и околу стадионот „Сан Сиро“ пред и за време на неделниот натпревар меѓу Милан и Аталанта, на кој „миланезите“ со триумф би можеле да ја прослават шампионската титула.

Како што информираа од градската служба, за оние кои ќе ја прекршат оваа одлука се најавени парични казни во износ од 5.000 евра. Во Милано во моментов владее огромен интерес за неделниот натпревар. Повеќе од 200.000 навивачи на Милан се со желба за билети за дуелот, а капацитетот на „Сан Сиро“ е околу 70.000 седишта.

Милан за да го осигура трофејот треба да слави над Аталанта, но и Интер да не го победи Каљари. „Росонерите“ го чекаат трофејот во Серија А повеќе од десет години, од 2011 година.

Се вчитува...