Повеќе од скромен е македонскиот фудбалски „извоз“ за странство низ актуелниот зимски преоден рок од Првата македонска фудбалска лига.
Само четворица македонски фудбалери забележаа како-такви позабележителни трансфери надвор од домашниот шампионат, и тоа во земји како Летонија, Кипар и Азербејџан.
Двајцата досегашни „вардарци“, Дарко Мицевски и Јован Попзлатанов кариерата ја продолжуваат во РФС Рига од Летонија, Дарко Глишиќ од Шкупи се пресели во кипарска Докса, а уште еден „вардарец“, Милован Петровиќ го напушти клубот и продолжува во Сабаил, Азербејџан.
Од македонската прва лига се издвојуваат и трансферите на најдобриот офанзивец Дембо Дарбо од Шкупи во белоруски Шахтјор Солигорск, каде продолжува и албанскиот интернационалец Валон Ахмеди, кој ја напушти Шкендија. И досегашниот напаѓач на Македонија ЃП, Калид Абдул Басит реализираше трансфер во ФЦ Есперанса во Тунис. И тоа е се…, што се однесува до извозот во странство од Првата македонска фудбалска лига низ овој преоден рок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА