Повеќе страв отколку штета – Дембеле се врати на тренинзите на Атлетико

Минаа три дена откако Муса Дембеле се онесвести за време на тренингот на Атлетико Мадрид, по што се стравуваше за животот на одличниот голгетер. Дводневните лекарски прегледи не најдоа посериозен проблем за неговото здравје, по што Дембеле беше отпуштен од клиниката, за екс-фудбалерот на Лион вчера да стартува и со полесен тренинг во комплексот на Атлетико Мадрид.

Голгетерот преку социјалните мрежи испрати порака до фановите, заблагодарувајќи се за поддршката во тепките моменти.

„Се вратив. Беше повеќе страв отколку штета. Ви благодарам на сите за пораките полни со топлина и внимание“, порача Дембеле, кој во јануари пристигна во Атлетико Мадрид од редовите на Лион.

Според шпанските медиуми, овој фудбалер би можел да се врати на терените веќе на 4 април, кога Атлетико го очекува дерби-дуелот со Севилја.

Се вчитува...