Повредата е сериозна: Чурлинов откри колку долго ќе паузира од терените

Дарко Чурлинов го очекува подолга пауза од фудбалските терени откако било утврдено дека повредата на македонскиот репрезентативец е сериозна.

Селекторот Милевски најави дека тој ќе ги пропушти септемвриските квалификации, потоа и менаџерот на Барнли, Винсан Компани, напомена дека проблемот не е нималку наивен, за самиот Чурлинов да обелодени дека времетраењето на паузата ќе изнесува два месеци.

„Ќе отсуствувам од терените два месеци поради повреда. Ајде да го поддржиме тимот на наредните натпревари. Ќе сторам се за што поскоро да се вратам“, изјави Чурлинов.

Се вчитува...