Повредата на Икарди ќе го принуди на пауза од три недели

Напаѓачот на ПСЖ, Мауро Икарди ќе пропушти околу три недели од фудбалските настапи поради повреда на рамото, известуваат од клубот. Аргентинецот се повреди за време на натпреварот од 3. коло во Лига 1 со Брест. Средбата заврши со победа на „парижани“ од 4-2.

Напаѓачот го напушти стадионот со болка во раката, а снимките потврдија дека Икарди за малку избегнал фрактура. Очигледно, тој ќе може да се врати на терените по паузата за репрезентативни натпревари, закажана за септември.

 

 

Се вчитува...