Повредата на Симоновски не е сериозна

Марко Симоновски поради повреда не настапи на вчерашниот дуел меѓу МЗТ Скопје и Борац Чачак, но добра вест за „металците“ е што проблемот со македонскиот репрезентативец не е премногу сериозен.

„Тој се жалеше на болка во мускулот и не сакавме да ризикуваме да дојде до посериозен проблем. Рехабилитацијата е во завршна фаза, очекувам Симоновски за неколку дена повторно да ни биде целосно на располагање“ – изјави тренерот Ѓорѓи Кочов.

Помошта на одличниот шутер сигурно ќе биде добредојдена за „металците“ во период кога ги очекуваат две тешки гостувања, најпрвин во Гостивар во рамките од македонското првенство, а потоа и во Црна Гора против Сутјеска во АБА2.

Се вчитува...