Повторно доминантна Македонија: Но, без голови на полувремето против Романија (ФОТО)

Нешто слично како и на претходните два натпревари од септемврискиот собир, македонската репрезентација игра квалитетно прво полувреме доминирајќи и против Романија во 6. коло од Групата Ј во квалификациите за СП 2022. Но, без погодоци по првиот дел за 0-0 на одмор.

Почетната доминација на избраниците на Благоја Милевски беше крунисана со првата шанса во 14. минута, кој во извонредна позиција се најде Барди пред голот на Романците. Откако само ја запре топката, Чурлинов се обиде атрактивно со ножички но лесен плен за голманот на гостите.

Во продолжението Спировски во 19. минута имаше добар обид со шут од 25 метри, но непрецизно. Одлична шанса во 34. минута за Елиф Елмас. Мајсторска соло-акција, шутираше од 15 метри, но брани гостинскиот голман. Во 44. минута Енис Барди се обиде од 18 метри, но и тој непрецизен.

Романците единствена шанса ја имаа преку Сореску во 22. минута, кој искористувајќи една грешка на нашите дефанзивци украде топка на 30 метри, се обиде потоа да го изненади Димитриевски, но одлично одбрани македонскиот голман.

Македонија во првото полувреме има посед на топка од 62%, наспроти 38% на Романците, со шест удари кон на противничкиот гол од кои три во рамките на голот. Но, на крај по 45 минути без постигнат гол.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП 2022 – 6. КОЛО
МАКЕДОНИЈА – РОМАНИЈА (0-0)
Национална арена „Тодор Проески“ во Скопје. Гледачи: 5.000. Ж. картони: Ристовски (М).
МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, С. Ристовски, Муслиу, Велковски, Алиоски, Спировски, Барди, Костадинов, Елмас, Чурлинов, М. Ристовски
Селектор: Благоја Милевски
РОМАНИЈА: Ница, Рациу, Кирикеш, Неделчеау, Камора, Станчиу, Неделку, Чикалдау, Сореску, Ман, Марковиќ
Селектор: Мирел Радои

Се вчитува...