Повторно откажан спустот во Италија и Швајцарија

Првиот од двата спуста во Светскиот Куп за скијачи која требаше да се одржи овој викенд во Цермат-Червинија, е откажан поради силен ветер, објави Меѓународната скијачка федерација (ФИС).

Одлуката за откажување е донесена за „заштита на сечија сигурност“, кажа портпаролот на ФИС, не откривајќи ништо друго за трката која требаше да биде на распоред во неделата во 11:30 часот.

Италијанско-швајцарската етапа, која од минатата година е во календарот, беше откажана и минатата година поради недостаток на снег.

Се вчитува...