Повторно заедно – Тим Данкан му се врати на Грег Попович

Легендарниот кошаркар на Сан Антонио Спурс Тим Данкан, одлучи да се впушти во тренерските води, а првиот ангажман ќе му биде како помошник токму во тимот во кој ја помина кариерата. Еден од најдобрите центри на сите времиња ќе му биде помошник на легендарниот Грег Попович.

„Бидејќи јас му бев лојален 19 години, сега е време Данкан да ми ја врати услугата. Тоа е единствената исправна работа. Тој ми е како син, сродна душа, повеќе него како кошаркар“, изјави Попович. 

Во тимот на Спурс, Данкан ја помина целата кариера во која учествуваше во петте шампионски прстени, а во три наврати беше и МВП во финалето. Двапати беше МВП на сезоната, а 15 пати беше избиран на Ол-стар викендот.

Се вчитува...