Двајца фудбалери на Парма кои пред неколку месеци го победија коронавирусот сега мораат повторно во самоизолација откако најновите тестирања покажале дека тие се позитивни на Covid-19. Идентитетот на фудбалерите не се обелоденува во јавноста, но Парма обелодени дека станува збор за играчи кои еднаш веќе биле заразени, но сега ќе мораат повторно да се борат со вирусот.
„Сакаме да објавиме дека по последниот циклус на тестирања добивме два позитивни теста на фудбалери на нашиот тим. Тие нема да можат да настапат против Интер. Сакаме да потенцираме дека станува збор за фудбалери кои претходно биле позитивни, го победиле коронавирусот, а сега повторно се инфицирани“, се вели во соопштението на Парма.
Двајцата фудбалер повторно ќе бидат тестирани по 48 часа, информираа од италијанскиот прволигаш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА