Познатиот хрватски ракометар и поранешен репрезентативец Денис Бунтиќ е упасен во Љубишка, а обвинителството потврди дека ракометарот е осомничен за неколку дела.
Сето ова се случувале во петокот, кога во неговата куќа била пронајдена голема количина на оружје, автоматски пушки, золја и муниција.
„Осомничениот Д.Б. е осомничен поради семејно насилство и неовластено држење на оружје и експлозивни материи. Притворот е поднесен поради опасност од влијание на сведоците и опасност да ги повтори кривичните дела“, пренесува „Блјесак“.
Бунтиќ од дресот на хрватската репрезентацијата се прости во 2018 година. Тој со Хрватска освои две светски сребра, европско сребро и бронза, како и медал на ОИ 2012 година.
Бунтиќ во својата кариера играч во Извиѓач, Медвешчак Загреб, Копер, Адемар Леон, Киелце и Пик Сегед. За Хрватска одигра 131 натпревар, и постигна 293 гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА